Кia Stonic официјално претставена

Кia го претставија најновото дополнување на нивниот опсег SUV возила во форма на сосема новиот Stonic – кросовер со големина на Nissan Juke за кои корејскиот бренд очекува да стане нивниот најпродаван модел.

Пазарот на малечки SUV модели е во пораст и Kia има намера да земе „парче од колачот“. Stonic во опсегот ќе се наоѓа под моделите Sportage и Sorento, а ќе биде ривал на Nissan Juke, Renault Captur и новата Hyundai Kona.

Со цел да се истакнат на сè повеќе натрупаниот пазар, од Kia ветуваат дека Stonic ќе биде нивното возило кое ќе може најмногу да се приспособува. Финишот на возилото е во две бои, а на располагање ќе бидат до 20 комбинации на бои, со 5 уникатни бои за кровот.

Во поглед на дизајнот, Stonic е базиран на Rio хечбекот, но со променет изглед кој му дава поцврст став. На дизајнот имаат влијаено и некои нивни постари концепт возила, како на пример концептот на Provo купе од 2013 од кого е „позајмен“ дизајнот на кровот. Внатрешноста, пак, е скоро целосно превземена од Rio, со скоро идентична командна табла.

Во поглед на моторите, ќе бидат понудени 3 бензински мотори, сите превземени од Rio. На располагање ќе бидат новиот 1.0 литарски 3-цилиндричен турбо T-GDI од 120 коњски сили, како и 1.25 и 1.4 литарските 4-цилиндрични мотори. Понуден ќе биде и 1.6 литарски 4-цилиндричен дизел мотор.

Подоцна е возможно да се појават и хибридни верзии, со адаптирање на технологијата врз која е направен моделот Niro. Сите Stonic модели ќе имаат погон исклучиво на предните тркала.

Од вградената технологија, Scenic ќе има предни седишта на загревање, автоматска контрола на крстарење и влез во автомобилот без клуч, покрај мноштво системи за асистенција и сигурност: автономно запирање во итни случаи, детектирање на пешаци и предупредување за предна колизија, систем за детектирање на слепите точки, за предупредување при промена на ленти и др.

Цените на новиот Scenic би требало да започнат од околу 16 000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...