10-тата генерација на Honda Accord ќе дебитира на 14-ти јули

Honda најавија дека сосема новата 10-та генерација на нивниот познат модел Accord ќе дебитира во Детроит на 14-ти јули, а заинтересираните ќе можат преку streaming да го гледаат настанот во живо на официјалната YouTube страница на Honda.

Компанијата ветува дека новиот модел ќе се фокусира на подобра динамика при возењето, повеќе префинетост и подобра потрошувачка на гориво. За жал, тоа ќе значи и отфрлање на саканиот но слабо продаваниот модел со V6 мотор, но затоа пак таа празнина ќе ја пополнат два нови турбо мотори.

Целосниот изглед на автомобилот сè уште не е објавен освен делумно на тизер сликата, а раниот прототип кој новинарите од порталот AutoBlog имале прилика да го тестираат во Јапонија бил камуфлиран. Тест моделот имал 2.0 литарски турбо мотор со 4 цилиндри кој, иако помалку моќен во споредба со V6 моторот, се покажал исклучително потентен, а бил ослабена верзија на моторот од новата Honda Civic Type R.

На располагање ќе бидат 3 менувачи и тоа 6-брзински мануелен, CVT, и сосема нов 10-брзински автоматски развиен од Honda. Подоцна се очекува да се појави и хибриден модел.

Повеќе информации за новата Honda Accord ќе се знаат како што се ближи датумот на промоцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...