Мистериозниот VW Gen.E не е новиот Golf

Мистериозно ново електрично возило со Volkswagen беџ било презентирано на Future Mobility Days настанот организиран од VW Group во Германија.

Наречен Gen.E, овој модел со големина на Golf бил прикажан на неколку официјални фотографии, но од компанијата велат дека не се работи за ново концепт возило, туку за „истражувачко“ возило направено за тестирање и демонстрирање на новите технологии за брзо полнење на батериите.

Според портпаролот на Volkswagen, Gen.E се користи „исклучиво за да ги прикаже инженерските развивања и достигнувања“

Како таков, Gen.E Моментално се користи за прикажување на најновата технологија на VW Group – мобилни роботи за полнење. Тие се движат автономно, и се дизајнирани за користење во подземни и повеќекатни гаражи. Gen.E се приклучува на роботот за полнење, кој е доволно моќен да му овозможи на возилото домет од над 500км – иницијалната цел која компанијата ја има поставено за нивните електрични возила со I.D беџот.

Иако фокусот е на технологијата, а не на автомобилот, од VW велат дека Gen.E е направен врз лесна архитектура дизајнирана за максимална безбедност во случај на удар, а официјално не се споменува MEB електричната платформа на компанијата.



Во поглед на дизајнот, Gen.E е хечбек модел со 3 врати и аглест дизајн – предницата е инспирирана од Golf моделот, а дневните светла се слични на оние од последниот e-Golf.

Со оглед на мистериозното претставување на возилото, тешко е да се шпекулира дали Gen.E прикажува некој од идните модели на VW или пак е мал увид во дизајнерскиот јазик на идната генерација на VW автомобилите – иако делува малку претерано инженерите да дизајнирале ново возило комплетно „од нула“, само за да ги демонстрираат роботите за полнење.

Возможно е елементите и дизајнерскиот јазик од Gen.E моделот да ги видиме во некои идни концепти на VW, или пак во нивни продукциски модели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...