Honda го претстави новото специјално издание на нивниот HR-V модел, во форма на HR-V Black Edition, слично на црното издание на CR-V SUV моделите.
HR-V Black Edition е црно издание на HR-V, кое стандардниот модел го надоградува со црна предна решетка и ретровизори, како и 18-инчни алуминиумски бандажи. Во кабината е употребен специјален кожен тапацир и уникатни теписи.
Основниот модел ќе има 1.5 литарски 4-цилиндричен бензински мотор и мануелен менувач а ќе чини од 28 400 евра; истиот модел но со CVT автоматски менувач ќе чини скоро 30 000 евра, додека дизел варијантата ќе биде од 30 500 евра.
Покрај новиот HR-V Black Edition, од Honda решиле да го продолжат животниот век на поголемиот CR-V Black Edition кој беше лансиран минатата година и е на располагање со погон на сите тркала, и неколку бензински и дизел мотори во комбинација со мануелен или автоматски менувач.