2018 Bentley Bentayga plug-in хибрид

Bentley ќе го преземе првиот чекор кон електрификација на нивните модели во 2018-та со plug-in хибридна верзија на нивниот Bentayga, од кој се појавија шпионски фотографии.

Хибридниот Bentayga ќе биде трета опција покрај 6.0 литарскиот W12 бензинец со 609 коњски сили и новиот V8 дизел и ќе биде зачетник на електрификациската стратегија на Bentley. Eвентуално, истиот погон ќе биде искористен и кај Mulsanne, Flying Spur, и наредната генерација на Continental GT моделите на компанијата.

Додека однадвор моделот на шпионските фотографии изгледа како и секоја друга Bentayga, еден малечок дизајнерски детаљ го обележува како хибридна варијанта – додатното капаче за гориво на задното лево крило, зад кое најверојатно се крие приклучокот за напојување.

Тоа го потврдува и регистарската табличка чиј број бил проверен во англиската агенција за лиценцирање на возила и возачи, и било потврдено дека возилото е регистрирано како хибридно електрично со мотор од 2955cc.

Тоа значи дека хибридната Bentayga најверојатно ќе го користи истиот 6-цилиндричен мотор од Porsche Cayenne S E-Hybrid.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...