Hyundai i30 Fastback

Hyndai ја надополнија серијата i30 со трет модел – i30 Fastback, кој во салоните треба да се појави на почетокот на 2018-та.

Fastback се разликува од регуларните i30 хечбек и караван модели со каросеријата во купе стил и 5 врати, додека стилски е скоро идентичен со нив.

Напред, препознатливата предна решетка од i30 моделите е малку скратена и поставена пониско, со што ја прави предницата визуелно поширока. Хаубата е подолга, а дневните светла и фарови се LED и се поставени во нијансирани куќишта.

Кровот е за 25mm понизок отколку кај стандардниот i30 хечбек, а задниот дел е карактеристичен по малечкиот спојлер кој ги раздвојува фаровите.

Кабината е идентична копија на останатите две i30 варијанти, и вклучува опцинален 8-инчен touchscreen infotainment систем со сателитска навигација и Apple CarPlay и AndroidAuto конективност, додека Bluetooth конективноста спаѓа во стандардната опрема.

Стандардните технологии за безбедност и асистирање кои ќе бидат вградени во i30 Fastback ќе вклучуваат автономно сопирање во итни случаи, систем за алармирање на вниманието на возачот, асистент за долги светла и менување на ленти, додека опционални ќе бидат радарската контрола на крстарење, детекција на мртвите точки и систем за предупредување за сообраќај зад возилото.

Амортизацијата во однос на стандардните модели е за 15% поцврста, а возилото е за 5мм поблиску до тлото во споредба со нив.

Со лансирањето на располагање ќе бидат 2 турбо бензински мотори – 1.4 литарски 4-цилиндричен T-GDI од 140 коњски сили, и 1.0 литарски 3-цилиндричен од 120 коњски сили. И двата ќе доаѓаат со 6-брзински мануелен менувач како стандардна опрема, а 1.4 литарската варијанта ќе има опција за 7-брзински автоматски менувач.

Подоцна ќе се појават и неколку дизел опции – 1.6 литарски 4-цилиндричен турбодизел од 110 или 130 коњски сили, а возможна е и N варијанта на Fastback која ќе го „позајми“ моторот од 275 коњски сили од новиот i30 N.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...