Porsche со план за транзиција кон електрични автомобили

Извршниот директор на Porsche, Оливер Блум, изјави дека половина од автомобилите кои компанијата ги произведува ќе бидат електрични до 2023-та.

Прв нивни електричен модел ќе биде Mission-E, кој на пазарот треба да се појави во 2019-та, по кој ќе следи електрично кросовер купе, а потоа и новата генерација на кросоверот Macan во 2022-та. Овој нов Macan ќе покаже дали навистина пазарот е подготвен за електрично Porsche, имајќи в предвид дека неговата сегашна бензинска инкарнација е најдобро продаван модел на компанијата, со околу 100 000 продадени автомобили во 2016-та.

Porsche се приклучува на сè повеќе растечкиот број на компании кои прават амбициозни планови за транзиција кон електрични возила во наредната декада. Извршниот директор на Volvo во видео на Twitter има изјавено дека „иднината на Volvo е електрична“, и дека неговата компанија планира секој нивни модел да биде делумно или целосно електричен од 2019-та натака.

Иако ниеден друг производител на автомобили не најавил планови амбициозни како оние на Porsche или Volvo, сите поголеми „играчи“ на пазарот имаат или наскоро ќе имаат целосно електрично возило. General Motors планираат да произведат 10 електрични модели за кинескиот пазар до 2020-та, за кога и Ford имаат најавено електричен SUV, а Volkswagen тогаш треба да го издадат нивниот I.D.

По сè изгледа, масовното прифаќање на електричните возила е на само неколку години од нас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...