Suzuki ја објавија првата официјална слика од нивниот иден хечбек – новиот Swift Sport, кој во септември ќе дебитира на Frankfurt Motor Show.
Сите клучни детали врзани за овој модел сè уште се чуваат во тајност, па така официјални информации кои би ги потврдиле неофицијалните врзани за изборот моторите и цената ќе бидат познати наскоро.
Suzuki Swift Sport кога ќе се појави на пазарот ќе биде ривал на новиот Volkswagen UP! GTI, како и на 1.0 литарската верзија на Ford Fiesta од 140 коњски сили.
Се очекува новиот Swift Sport да има слични карактеристики како моделот од претходната генерација, што значи дека би му одговарал 1.4 литарскиот 4-цилиндричен Boosterjet бензински мотор од 140 коњски сили кој го користи моделот Vitara S.
На единствената официјална објавена слика може да се забележи дека новиот Swift Sport ќе има поагресивен изглед со нов дизајн на предната решетка, а тука се и дијамантски исечените алуминиумски бандажи.
Внатрешноста се очекува да биде унапредена во однос на сегашниот модел, и во неа да бидат вградени ентериерот и smart технологијата од новиот Swift, која би вклучувала 7-инчен touchscreen infotainment систем, нов 4.2 дисплеј вграден во инструмент таблата, Bluetooth конективност, како и Apple CarPlay и Android Auto.