Подобрен 2018 Ford Mustang

Ford ги објавија спецификациите за најновиот 2018 Mustang, откривајќи подобрувања на моќноста и на 5.0 литарскиот GT модел, но и на 2.3 литарскиот 4-цилиндричен EcoBoost.

Mustang GT со 5.0 литарскиот V8 мотор сега ќе има 460 коњски сили и 569Nm вртежен момент, додека „коњажата“ на 2.3 литарскиот модел ќе се накачи на 310 коњски сили. Помоќниот модел ќе забрзува од 0-100км/ч за 4 секунди, додека послабиот за 5.

Сите овие спецификации се однесуваат за американскиот модел, а оние за европските и британските модели нема да бидат објавени уште неколку месеци, и можно е да се разликуваат бидејќи вообичаено американските верзии се помоќни.

Покрај зголемената моќност, подобрениот модел за 2018 ќе нуди и променет изглед како и нова технологија во кабината.

Измените се мали но забележливи – предницата е променета со нов аглест преден браник со намалени отвори за воздух на долниот дел, и нови триаголнести отвори. Променети се и фаровите кои имаат сличен облик на оние на сегашниот модел, но се потенки.

На задниот дел забележлив е новиот спојлер, дел од Performance пакетот.
Во поглед на менувачите, понудени ќе бидат 6-брзински мануелен (прилагоден за оптимален вртежен момент и кај двата модела), како и нов 10-брзински автоматски.

Ентериерот во кабината останува идентичен како и на сегашниот модел, со тоа што му е надополнет infotainment системот со нова 12 инчна LCD дигитална инструмент табла на која може да се нагодат изгледот, боите и сл., кои ги менуваат традиционалните аналогни брзинометри и разни бројачи.

Новата MyMode функција ќе им овозможи на возачите да ги снимат омилените нагодувања на инструмент таблата, а за прв пат кај некој Mustang модел вграден е и систем за полуавтоматска автономна асистенција на возачот кој вклучува асистирање пред судар со детекција на пешаци, помошник за одржување на движењето во ленти, како и систем за предупредување на возачот.

Цените сè уште не се објавени, а новиот модел на Ford Mustang ќе се појави во салоните на почетокот на 2018.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...