2018 Porsche Macan забележан на тестирање

Porsche се подготвува за офанзива на SUV пазарот со новиот Cayenne модел кој треба да се појави на крајот на годинава, додека шпионски фотографии откриле постоење и на негова купе верзија.

Овие сосема нови шпионски фотографии откриваат дека ќе следи подновување и на помалечкиот SUV модел Macan, кој веќе има потреба од тоа бидејќи е стар 3 години.

Macan е клучен дел од понудата на Porsche уште од неговото лансирање во 2014, од кога е станат најпродаван модел на брендот – од скоро 240 000 возила кои компанијата глобално ги испорачала во 2016-та, над 95 000 биле Macan.

 

Исто така е важно за Porsche да го одржува Macan „свеж“, бидејќи негови понови ривали се Jaguar F-Pace и Alfra Romeo Stelvio.

Тест моделот забележан на фотографиите бил многу малку замаскиран, што значи дека фејслифтот на Macan ќе биде суптилен. На предниот дел, маскирањето сугерира нов дизајн на фарови и поширока предна решетка, кои најверојатно ќе бидат слични на оние на новиот Cayenne судејќи според неговите шпионски фотографии.

Променет ќе биде дизајнот и на задниот дел на возилото кој најверојатно ќе вклучува и единечна LED лента која ќе се протега од едниот до другиот крај слична на онаа од најновата верзија на Panamera, која ќе биде вметната во сите нови варијанти на моделите од портфолиото на Porsche и ќе претставува нов заштитен знак кај задните фарови.

Бидејќи новиот Cayenne најверојатно ќе биде официјално претставен пред истекот на оваа година, подновениот Macan се очекува во 2018-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...