2018 BMW M5

Новиот BMW M5 беше официјално претставен пред неговото деби на Frankfurt Motor Show, кое ќе се одржи идниот месец. BMW M5  ќе се одликува со ревидиран V8 мотор и погон на сите тркала.

Во срцето на BMW M5 е 4.4 литарскиот V8 би-турбо мотор, истиот од моделите од сегашната (5-та) генерација, со тоа што е подобрен за да биде достоен ривал на последната AMG E-Class.

Додаден е пар нови турбо полначи, како и нови системи за ладење и подмачкување. Моќноста му е зголемена на 600 коњски сили, што е за 40 повеќе отколку сегашниот модел, а вртежниот момент изнесува 750Nm (за 70Nm повеќе).

Во поглед на перформансите, од BMW велат дека новиот M5 забрзува од 0-100км/ч за 3.4 секунди, додека најголемата брзина е електронски лимитирана на 250км/ч.

Моќта се испраќа до тркалата преку 8-брзински автоматски менувач, а погонот на сите тркала е специфично развиен за овој модел. Познат како M xDrive, системот претежно ја движи задната оска, а предната ја активира по потреба. Затоа, во поголем број на случаи, новиот M5 ќе се однесува како автомобил со погон на задните тркала.



За да се намали тежината на возилото, некои од панелите се направени од алуминиум, додека кровот е од пластика зајакната со јаглеродни влакна. Во кабината има нови спортски седишта, ексклузивен трим и M дигитални брзинометри, како M-Sport волан преку кој може да се нагодат подесувањата на автомобилот.

Почетната цена на новиот BMW M5 ќе биде околу 98 100 евра, а на пазарот ќе се појави во февруари 2018-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...