Кина повторно со најбрзи возови на светот

Кина еден период го имаше најбрзиот воз на светот, но катастрофалниот судар на возови во гратчето Венжу кога загинаа 40 луѓе а 192 беа повредени (од кои 12 тешко) во 2011 ја примора земјата да го забави железничкиот сообраќај за да повторно не се случи таков трагичен настан.

Следниот месец Кина ќе ја поврати „титулата“, бидејќи планира да претстави неколку нови возови кои ќе бидат најбрзи во светот. Пред несреќата во 2011, возовите патувале со брзина од 350км/ч, која потоа била редуцирана на 250-300км/ч.

На 21 септември, новите возови ќе патуваат повторно со брзина од 350км/ч, но ќе бидат способни да забрзуваат до 400км/ч. Колку за споредба, Hyperloop One возот кој сè уште е во фаза на развивање во тестовите има постигнато брзина од 308км/ч, а планот е да се движи со 402км/ч.

Со цел да се избегнат несреќи при поголеми брзини, железничките оператори ќе треба да го редуцираат бројот на возови кои ќе се користат истовремено.

Кина има поставено над 20 000км шини наменети за брзите возови, а планира да додаде уште 10 000км до 2020-та. До денес, над 360 милијарди долари се потрошени на креирање на оваа брза железница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...