ОБЈАВЕНИ ПРВИТЕ ФОТОГРАФИИ

Ariel создава електричен автомобил од 1200 коњски сили

Англискиот производител на спортски автомобили Ariel објави планови за креирање на хипер-автомобил со „ултра-високи перформанси“, кој моментално се развива под името HIPERCAR. Kога ќе се појави на пазарот во 2019 најверојатно ќе се вика Elektron.

Проектот започнал во 2014 како студија за истражување на идната насока на малиот Британски бренд и како би можел да ја зголеми понудата покрај постоечките модели Atom и Nomad. Резултат на таа студија е токму идниот Elektron, чиј прв прототип ќе биде прикажан наредниот месец.

Иако дизајнот на автомобилот сè уште не е финализиран, Ariel објавија неколку слики кои откриваат во која насока тој ќе се движи – а тоа е со каросерија со екстремен изглед, составена од мноштво панели.

За неговата конструкција ќе се користат лесни материјали и јаглеродни влакна, а ќе биде поставен врз лесна алуминиумска структура.

Од компанијата велат дека секој од моторите ќе има моќност од околу 300 коњски сили и 450Nm вртежен момент, а се развиваат верзии со погон само на задните, но и на сите тркала. Ова значи дека најмоќниот модел би имал моќност од 1200 коњски сили и погон на сите тркала (со по 2 мотора на секоја оска), а оној со погон само на задните би имал 600 коњски сили.

Врвните перформанси ќе нудат забрзување од 0-100км/ч за 2.4 секунди и максимална брзина ограничена на 260км/ч. Моторите се развиваат во соработка со компаниите Equipmake и Аim Co Japan.

Моделот со погон на сите тркала ќе користи батерии со капацитет од 42kWh, додека оној со погон на задните од 56kWh, и ќе има поголем домет. Се очекува HIPERCAR, т.е Elektron да навлезе во целосна продукција во 2020-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...