Нова Skoda Rapid Spaceback во 2019-та

Skoda спрема сосема нова верзија на нивниот Rapid Spaceback модел, која ќе ја лансираат на пазарот во 2019-та.

Одлуката да се работи на нов Rapid значи дека Skoda ќе треба сами да го развијат моделот, бидејќи од SEAT нема да работат на ново Toldeo, а Rapid е всушност негова повеќе популарна верзија.

Дизајнерски, ќе бидат позајмени елементи од сегашниот модел, но возилото ќе има позаоблен изглед. Предницата ќе има дизајн значително различен од останатите модели на Skoda, додека на задниот дел ќе остане стаклениот хечбек елемент, но со линија на кровот слична на онаа која ја имаат купе моделите. Ќе биде развиена и saloon верзија, како и помал кросовер модел изграден врз истата MQB A0 платформа на VW Group.

Новиот Rapid Spaceback ќе биде подолг и попростран во однос на сегашниот, а во поглед на просторот внатре ќе се наоѓа некаде помеѓу моделите Fabia и Octavia.

Внатре, ќе биде вградена последната верзија на infotainment системот на Skodа, а на располагање ќе бидат конфигурабилни дигитални инструменти кај поскапите модели, како и можност за безжично полнење на смартфони. Во внатрешноста ќе има и хромирани елементи како и пластика со подобар квалитет.

Моторите ќе бидат веќе познатите 3 и 4 цилиндрични турбо бензински и дизел варијанти на Skoda, со 1.0 литарскиот бензински и 2.0 литарскиот дизел на располагање веднаш по лансирањето на пазарот.

Првите слики од новата верзија би требало да се појават доцна во 2018-та, со деби на некој од саемите за автомобили во средината на 2019.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...