Rolls-Royce со првиот автономен морнарички брод

Rolls-Royce е бренд кој е познат по своите луксузни автомобили, а наскоро може да почне да произведува софистицирани морнарички бродови.

Компанијата изрази желба да изгради автономен морнарички брод кој би го намалил ризикот за екипажот како и оперативните трошоци. Тој би бил долг 60 метри, би достигнувал брзина од над 45км/ч, би патувал над 3500 наутички милји, а би можел да функционира над 100 дена патролирајќи, набљудувајќи ја околината и детектирајќи подводни мини.

Комплетно електричниот погон од 1.5MW би се состоел од два Rolls-Royce MTU 4000 Series генератори кои на бродот би му овозможувале околу 4MW електрична енергија. Серија од соларни панели и можноста за складирање на 3000kWh енергија исто така би му овозможувале движење, за кое време би собирал дополнителна енергија.

Во него би била имплементирана комбинација од вештачка интелигенција и сензори, како и разни системи и алатки кои би му помагале во остварувањето на мисиите.

Ваквите бродови без екипаж не се наменети да ги заменат обичните, туку да бидат измешани со сегашните флоти и да се користат за мисии каде ќе имаат одредена улога, а некои би се користеле и исклучиво за пренесување на товар.

Компанијата сè уште не објавила дали создавањето на ваков брод планира да го оствари во партнерство со уште некоја, но кажано е дека постои зголемен интерес од разни морнарици. Се очекува вакви автономни бродови да се приклучат на воените флоти во наредните 10 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...