SEAT Leon Cupra R

SEAT на Frankfurt Motor Show го претставија нивниот најнов хечбек – Leon Cupra R, кој ќе се продава во ограничено издание.

Новиот модел има подобрена верзија на 2.0 литарскиот турбо бензински мотор од регуларната верзија на Cupra и има моќност од 310 коњски сили, што е доволно овој автомобил да го направи најмоќниот продукциски модел во историјата на овој шпански производител. Ќе постои и верзија со 6 брзински менувач, која ќе биде помалку моќна – 305 коњски сили.

SEAT сè уште ги немаат објавено бројките врзани со перформансите, но според спецификациите на конвенционалната Cupra 300, новиот модел може да се очекува дека ќе има забрзување од 0-100км/ч за околу 5.6 секунди, и најголема брзина лимитирана на 250км/ч. Cupra R ќе има и адаптивна амортизација, Brembo кочници и подобрен издувен систем.

Во поглед на дизајнот, новата Cupra ќе има поагресивен преден и заден браник, како и заден дифузер. Тркалата и страничните ретровизори ќе имаат бакарен финиш, додека carbon-fibre детали ќе има на предниот сплитер, задниот спојлер и страничните елементи.

Слики од кабината не се објавени, но се очекува истите елементи (детали од бакар и carbon-fibre) да се присутни и во неа, како и Алкантара кожа на воланот и менувачот.

Првите испораки на Cupra R се очекуваат пред крајот на оваа година, а ќе бидат произведени 799 возила.

Цената на обичната Cupra 300 е околу 34 200 евра, што значи дека Cupra R би можела да чини околу 37 000. Сепак, бидејќи се работи за ограничено издание, постои шанса таа цена да биде значително поголема.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...