Mercedes на Frankfurt Motor Show го претставија нивниот концепт со технологија на Formula One, наречен Mercedes-AMG Project ONE.
Овој револуционерен хиперавтомобил го користи истиот 1.6 литарски турбо хибриден V6 кој го користи и нивниот F1 тим од 2014. Иако е само концепт, од Mercedes велат дека истото може да се очекува и од продукцискиот модел кој треба да се појави во 2019-та и ќе чини околу 2.6 милиони евра.
Компанијата вели дека неговата моќност ќе биде над 1000 коњски сили, максималната брзина над 350км/ч, и дека до 200км/ч ќе забрзува за помалку од 6 секунди.
Project ONE е plug-in хибрид бидејќи користи и 4 електрични мотори, а литиум-јонските батерии ја користат истата поставеност и систем за ладење како и кај F1 возилото на Mercedes, и со едно нивно полнење ќе може да се поминат околу 25km. Нивната волтажа е 800 волти, а батерискиот систем се наоѓа на подот зад задната оска.
Mercedes ја опишуваат кабината како „Formula 1 за двајца, а командната табла се состои од два 10 инчни дисплеи, со трет кој функционира како заден ретровизор и е поврзан со камера на задниот дел на автомобилот.