Rezvani Tank е оff-road возило од компанијата Rezvani Motors од Калифорнија, која е специјализирана за модифицирање на суперавтомобили.
Овој екстремен SUV ќе чини од $180 000 нагоре во САД, а не се знае дали ќе го има и за европскиот пазар. Доаѓа со 6.4 литарски SRT V8 мотор од над 500 коски сили, како и погон на сите тркала кој може да се модификува според специфичните потреби за патот.
На купувачите ќе им бидат понудени два off-road пакети кои ќе овозможуваат подобрена off-road суспензија и различен тип на гуми, како и Desert Storm опции како термална ноќна визија, балиситчка заштита и LED фарови со висок интензитет.
Масивниот екстериер дефинитивно ќе го привлекува вниманието со мат црната колор шема, а ентериерот е многу покласичен и има специфично дизајнирани ергономски седишта развиени специјално за него.
Rezvani Motors компанијата е основана од Ферис Резвани во 2014, а нивната прва креација била The Beast („Ѕверот“) – суперавтомобил со отворен кров базиран на Ariel Atom, со моќност од над 500 коњски сили. Уште помоќниот Beast X од 710 коњски сили бил лансиран потоа, кој забрзувал од 0-100км/ч за 2.5 секунди, а чинел од $270 000 нагоре.