CityAirbus летачко такси

Компанијата Airbus планира да го активира своето летачко такси наречено CityAirbus уште наредната година, а оваа најава е дојдена по успешниот тест на леталото кое полетува и слетува вертикално.

CityAirbus е напојуван исклучиво со батерии (со електрични Siemens мотори од 100 KW), и користи 4 пропелери да се движи низ густо населените градови и останати слични опкружувања, а може да пренесува до 4 луѓе.



Главниот инженер на Airbus, Мариус Бебесел, изјавил дека сега тие имаат подобро разбирање на перформансите на иновативниот електричен погонски систем на CityAirbus, и дека ќе продолжат да го унапредуваат преку ригорозно тестирање за време на составувањето на комплетната демонстрација на летот на ова возило.

Првиот негов тест е закажан за крајот на 2018, и прво ќе биде управувано од далечина пред во него да влезе човечки пилот. Кога ќе биде на располагање за комерцијална употреба, ќе може да патува на фиксирани рути со најголема брзина од 120км/ч, а иако се работи за комплетно автономно летало, првите летови ќе бидат изведувани од пилоти за да се олесни сертификацијата и прифатеноста од јавноста.

Во наредните неколку години се очекува да видиме уште повеќе летачки таксија и разни сервиси, како што оваа технологија ќе се унапредува и тестира. На пример, германската стартап компанија E-volo планира да лансира такси сервис идната година, а од Uber имаат ветено дека нивните таксија ќе полетаат во 2020. Германската компанија Lilium, пак, само што добила фондови од 90 милиони долари за да го развијат нивното комплетно електрично такси кое во комерцијална употреба би требало да се појави до 2025



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...