Aston Martin го претставија новиот DB11 Volante

Aston Martin го претставија новиот DB11 Volante, кабриолет верзија на нивниот спортски автомобил која треба на пазарот да се појави во првиот квартал од 2018.



Кабриолетот ја дели истата алуминиумска структура на DB11 купе верзијата, а во него ќе биде вграден 4.0 литарскиот twin-turbo V8 мотор од 510 коњски сили – додека V12 моторот нема да биде на располагање. Погонот ќе му биде на задните тркала, пренесуван преку 8-брзински автоматски менувач.

Кровот е изработен од ткаенина направена од 8 слоја, наместо од метал кој се превиткува, а ќе му требаат 14 секунди електронски да се превитка зад задните седишта,  и 16 секунди да се подигне. Ќе може да се активира со клучевите при палење на автомобилот, како и при движење до 50км/ч. Во однос на издржливоста на материјалот, пдд компанијата велат дека при тестирањата за еден месец биле направени 100 000 циклуси во комори кои симулираат разни временски (не)прилики, што е адекватно на 10 годишно користење на кровот.

Максималната брзина на DB11 Volante ќе изнесува 300км/ч, додека забрзувањето од 0 -100км/ч ќе биде 4.1 секунда – за една десетинка побавно од купе верзијата, што се должи на поголемата тежина на кабриолетот.

Стандардната опрема ќе вклучува кожен ентериер со Алкантара кожа, седишта на загревање, предни и задни сензори за паркирање како и камера со 360 степени видик за паркирање.

На муштериите ќе им бидат понудени 70 индивидуални опции за модификување на автомобилот, кои ќе вклучуваат 7 различни варијанти на 20-инчните алуминиумски бандажи, 4 бои на кочниците, како и 11 функционални опции како автоматско паркирање и сл. 2018 Aston Martin DB11 Volante ќе чини од 180 000 евра нагоре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...