Honda Sports EV концепт

Honda Sports EV концепт е комплетно електричен спортски двосед кој би ја пополнил празнината во поглед на перформансите помеѓу моделите Civic Type R и NSX.

Sports EV концептот е наследник на Urban EV концептот на Honda кој дебитираше на Frankfurt Motor Show во септември. Додека за тој модел е потврдено дека ќе започне да се произведува во 2019-та, за Sports EV сè уште не се знае кога би се појавил на пазарот.

Ова спортско електрично возило е изградено врз истата платформа како и Urban концептот, иако за него сè уште не се објавени никакви технички детали. Но, бидејќи се работи за спортски модел, се претпоставува дека погонот најверојатно ќе биде на задните тркала.

Спортското купе ја продолжува дизајнерската тема на Urban EV, со ретро дизајнерските елементи како коцкастите задни и округлите предни фарови, и осветлен беџ на црните предни решетки.

Од Honda велат дека Sports EV ќе користи вештачка интелигенција, и дека нивната цел е да креираат продукти кои ќе ја подобрат удобноста на нивните клиенти.

Sports EV ќе игра улога во електрификациската стратегија на компанијата, која планира две третини од нивните возила до 2030-та да користат некоја форма на електрификација, а таа цел во Европа би требало да се постигне до 2025-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...