Необичните автомобили на Tokyo Motor Show

Сите саеми на автомобили имаат делови со почудни автомобили, а оној во Токио е познат по некои од „најлудите“ бизарни дизајни.

Еве дел од оние кои беа прикажани на овогодинешниот Tokyo Motor Show:

1) Flesby

Јапонскиот производител на гумени компоненти Toyoda Gosei ја има направено оваа бизарна креација наречена Flesby, која треба да демонстрира како возилата на иднината би можеле да бидат побезбедни за пешаците. Поголемиот дел од екстериерот и е покриен со мека текстуризирана гума, со LED дисплеи на предниот панел кој му овозможува на автомобилот да „изразува емоции“ и да ги предупредува пешаците.

2) Suzuki e-Survivor

e-Survivor е визијата на Suzuki како SUV возилата би можеле да изгледаат за еден век.

3) Yamaha Cross Hub

Yamaha Cross Hub е чудна комбинација на пикап камион и SUV со простор за два мотори во задниот дел, а има 4 седишта поставени во дијамантска формација.

4) Wonder Capsule

Специјалистите за комерцијални возила Toyota Auto Body претставија автономно градско возило наречено “Wonder Capsule” (чудесна капсула), кое се чини е издизајнирано без воопшто в предвид да се земе неговата аеродинамика.

5) Yamaha MWC-4

MWC-4 концептот на Yamaha ги спојува моторите и автомобилите во еден дизајн, а прототипот има комбиниран погон од електричен и бензински мотор.

6) Isuzu FD-SI

Изгледа како да е излезено од филмот Трон, а се работи за футуристичко возило за испорака на Isuzu. Концептот има возачко седиште во средината, а за него не се знае скоро ништо, па дури ни на каков погон (ќе) работи.

7) Koito Trans-Module

Ова возило е опишано како „демонстрација на новата генерација на светлосната технологија“. Дизајнирано е да покаже како возилото може визуелно да комуницира со сите околу него – со голем дисплеј на задниот дел кој на останатите возачи им ја прикажува намерата на возилото и правецот во кој што ќе се движи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...