Лина– автомобил направен од билки

Произведувачите на автомобили постојано се во потрага по полесни, поевтини, и поиздржливи материјали. Во изминатите 20 години челикот ви шасиите полека се менува со алуминиумот, а сè повеќе се употребуваат и јаглеродните влакна.

Сега, тим студенти од технолошкиот институт од Ајндховен, Холандија, велат дека произведувачите на автомобили треба да користат материјали како растителните влакна за да се намали отпадот и загадувањето. За да покажат како тоа може да се изведе, тие го произвеле првото возило од билки.

Давесет и два студента тоа го постигнале прво со сушење на илјадници билки лен од кои биле издвоени влакната, кои биле исткаени во 100 метарски ролни кои уште еднаш биле сушени. Потоа ролните биле поставени една врз друга, ставени во печка и притиснати – со што се добиле цврсти табли од ленени влакна.

Бидејќи сами по себе тие не биле доволно цврсти да ги издржат тестовите за стрес низ кои поминуваа автомобилските шасии, тие биле зајакнати со структура од PLA (полилактична киселина) помеѓу две компресирани табли.

Крајниот резултат биле неколку големи блокови од ленени влакна од кои била направена шасија која тежела 70кг., иако според водачот на проектот таа тежина би можела да се намали и до 40.

Остатокот од автомобилот – електричниот погон од два мотори и модуларен литиум-јонски батериски систем – биле завршени за 7 недели и тој тежел вкупно 310кг.

На возилото му било дадено името Лина, по грчката божица на ткаењето.

Дали ова ќе биде иднината на автомобилите, тешко е да се процени во оваа екстремно експериментална фаза. Но, како инженерски потфат, создавањето на возило од ленени влакна е импресивно иновативен процес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...