Претставено првото самостојно Polestar 1 хибридно купе

Polestar, поранешен саб-бренд на Volvo, го претставија нивниот прв самостоен модел Polestar 1 кој ќе почне да се произведува во 2019-та исклучиво во новата фабрика во Кина, но ќе биде на располагање на сите светски пазари по цена од околу 130 000 евра.

Покрај овој модел, ќе се произведуваат уште 2 комплетно електрични модели – еден ривал на Tesla Model 3, и еден поголем SUV – наречени Polestar 2 и 3.

Polestar 1 има 2.0 4-цилиндричен бензински мотор од 342 коњски сили кој ги придвижува предните тркала со стартер генератор кој инјектира дополнителни 40 коњски сили, додека пар електрични мотори ги придвижуваат задните тркала и имаат моќност од 218 коњски сили.

Вкупната моќност на возилото е 600 коњски сили и 1000Nm вртежен момент, а забрзувањето од 0-100км/ч изнесува помалку од 4 секунди.

Од Polestar велат дека автомобилот може да се движи и само на задните електрични мотори плус интегрираниот стартер генератор, што овозможува домет од 150км со едно полнење на батериите.

Шведската компанија тврди дека нивниот систем за амортизација реагира на промените на патот за помалку од 2 милисекунди, а е произведен од Ohlins.

Polestar 1 го користи дизајнерскиот јазик од S90 лимузината на Volvo, но го адаптира во купе формат.

Користењето на панели од јаглеродни влакна ја намалува тежината за 230кг во споредба со челичната конструкција, а компанијата има намера да создаде 500 Polestar 1 модели годинава кои ќе бидат на располагање преку нова услуга за претплата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...