Tesla го претставија нивниот електричен камион

Tesla го претставија нивниот електричен камион кој се очекува да има стандарден домет од 480 километри со едно полнење на батериите и почетна цена од околу 125 900 евра.

Покрај стандардната верзија, ќе биде на располагање и подобрена со домет од 805 километри кој ќе чини 150 000 евра.

Овој комплетно електричен камион-шлепер е првото комерцијалното возило на Tesla, а ќе биде способен да пренесува подеднаков товар како и конвенционалните дизел камиони, но со перформанси слични на најновите електрични спортски автомобили.

Тој ќе забрзува од 0-100км/ч за 5 секунди дури и со закачена приколка, и за 20 секунди кога товарот ќе изнесува 36 тони, а при најголема оптовареност ќе може да постигне до 105км/ч. Максималната брзина на ваквиот тип камиони во Англија, на пример, инаку е електронски ограничена на 90км/ч.

Камионот има коефициент на влечење од само 0.36cd – правејќи го поаеродинамичен од Bugatti Chiron хиперавтомобилот (кој има 0.38cd), и од конвенционалните дизел шлепери чиј коефициент е 0.65-0.70cd.

Од Tesla велат дека тој може да се наполни од комплетно празен до доволно електрицитет да помине над 640 километри за 30 минути, што е законската пауза која камионџиите (во САД) мора да ја имаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...