VW ID електричниот хечвек ќе се лансира во 2019-та

Volkswagen се спремаат за ривалство против Tesla Model 3 и сличните електрични автомобили со нивната ID класа на комплетно електрични автомобили кои ќе се појават на пазарот на крај на оваа декада – процес кој ќе започне со VW ID хечбекот.

Продукциската верзија на овој концепт која беше прикажана на минатогодишниот Paris Motor Show на пазарот ќе дебитира во 2019, со испораки во 2020.

Под овој хечбек како и под целата серија на ID модели ќе биде новата MEB платформа на VW – архитектура која ќе биде понудена со капацитет од најмногу 4 батерии.

Претпоставувајќи дека основниот ID хечбек ќе ја користи најмала платформа, тоа значи дека ќе може да се очекува во неа да биде вграден електричен мотор од околу 90KW (120 коњски сили), со домет од околу 482km со едно полнење на батериите.

Според шефот за дизајн на VW, Клаус Бишоф, продукциската верзија на ID хечбекот веќе е испратена на изработка, а незначително ќе се разликува од концептот прикажан во Париз бидејќи неговата ултра-кратка хауба не се придржува кон правилата за заштита на пешаците од удари.

За разлика од оние на концептот, вратите на продукциската верзија на овој модел ќе бидат конвенционални, а нема да се употребува ни воланот кој кај концептот влегуваше во командната табла.

Останатите модели од оваа ID линија ќе бидат saloon, microbus, и еден поголем SUV, а подоцна ќе се појави и спортско купе (замена за скоро прекинатиот модел Scirocco) како и комплетно електрична верзија на познатата „бубачка“ (Beetle).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...