McLaren го претстави вториот модел од Ultimate Series

McLaren го претставија вториот модел од Ultimate Series – лесен хиперавтомобил наречен Senna.

Со екстремна аеродинамички оптимизирана каросерија и twin-turbo V8 мотор од 800 коњски сили и 800Nm вртежен момент, од компанијата велат дека овој модел дава најинтензивно тркачко искуство во споредба со било кој McLaren наменет за обични патишта.

Именуван според трикратниот светски шампион во Формула 1, Аиртон Сена, од McLaren влеат дека дел од профитот од продажбата на овој модел ќе оди во фондацијата оформена во негово име. Сите 500 примероци веќе се продадени по цена од 850 000 евра секој.

Инаку, директорот на оваа серија возила, Енди Палмер, вели дека брифот кој им бил даден на иженерите бил „најбрзо возможно возило кое ќе биде легално да се вози на патишта“.



Каросеријата е целосно направена од јаглеродни влакна, со хидрауличен заден спојлер кој самиот се нагодува за што поголема аеродинамика при движењето.

Во внатрешноста, Senna се одликува со минимализам – елементите како рачките на вратите, копчињата за прозорците и копчето за палење на моторот се поставени на кровот, додека на инструмент таблата се наоѓаат само основните инструменти.

McLaren Senna тежи само 1198кг. (скоро исто како Ford Focus), забрзувањето од 0-100км/ч. Се очекува да е под 3 секунди, додека максималната брзина ќе биде најмалку 320км/ч.

Од компанијата велат дека системот за кочење на овој модел е најсовршениот некогаш направен за возење на патишта – новите јаглеродно керамички кочници имаат специјална CCMR состојка, а за секоја од нив потребни се 7 месеци за да се произведе.

Иако сите направени модели веќе се алоцирани на купувачите, првото јавно деби Sena ќе го има на Geneva Motor Show во март 2018.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...