Lightyear One – комплетно соларно напојуван автомобил во 2019

Lightyear One (во превод „светлосна година – еден“) е автомобил кој може да ја користи соларната енергија за сопствено напојување. Истиот штотуку ја доби наградата за најдобра иновација поврзана со климатските промени.

Дизајнирано од холандската стартап компанија Lightyear, ова возило наводно е способно да вози со месеци без да сопре да се напојува и има домет од 400-800км.

Со години, концептот на „соларно напојувани автомобили“ се смета за непрактичен и невозможен. На пример, соларниот кров дизајниран да го напојува моделот Тоyota Prius бил корисен исклучиво во комбинација со традиционален систем за полнење на батериите и додавал само околу 6.5 дополнителни километри на дометот – што е далеку од импресивно.

Некои инженери дури го пресметале капацитетот на возило со соларен кров под оптимална количина на соларна радијација, а резултатите покажале дека мерено во коњски сили, еден автомобил опремен со соларен кров има моќност од околу 6.4 коњски сили. За споредба, косилка за трева која што се вози има мотор од 18 коњски сили.

Првите 10 Lightyear One автомобили треба да се појават на пазарот во 2019-та, а компанијата ветува дека автомобилот ги надминува конвенционалните предизвици поврзани со оваа технологија, како слабите перформанси и непостојаната достапност на изворот на напојување (во овој случај, сончевата светлина).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...