Фејслифт на MINI хечбек и кабриолет моделите за 2018

MINI хечбек и кабриолет моделите ќе добијат фејслифт во 2018-та. Покрај останатите подобрувања тука се LED фаровите, подобрени технички опции и нов автоматски менувач.

Најголема визуелна промена имаат претрпено задните LED фарови кои на нив го имаат отпечатено знамето на Обединетото Кралство, додека напред има и дневни светла. Како опција на располагање е новиот адаптивен Matrix LED систем за светлосните зраци – прв од овој тип во оваа класа.

Понудени ќе бидат 3 дополнителни бои за екстериерот, како и нови дизајни на алуминиумските бандажи, и опционални 3D принтани парчиња за разните тримови на возилото.

Секој модел сега ќе нуди 6.5 инчен touchscreen дисплеј од MINI Countryman, како и Bluetooth конективност. Возачите ќе го имаат познатиот контролер сличен на BMW iDrive на централната конзола, со мултифункционален волан.

Новиот touchscreen навигациски систем ќе нуди нови онлајн сервиси, како податоци за сообраќајот во реално време, а на располагање ќе биде и безжичното полнење на смартфони и таблети како и дополнителни USB портови. Помеѓу останатите, ќе го има и сервисот MINI Find Mate, кој овозможува следење и лоцирање на изгубени клучеви, торби или мобилни телефони, со помош на апликација.

Моторот ќе биде 1.5 литарски турбо бензинец со моќност од 135 коњски сили и зголемен вртежен момент за 10Nm во однос на досегашните модели.

Оne, One D и Cooper D варијациите ќе имаат опција за вградување на нов поефикасен 7-брзински менувач, додека како стандардна варијанта ќе остане 6-брзинскиот мануелен менувач.

Почетната цена се очекува да биде нешто над 16 550 евра за хечбек моделот и под 22 600 евра за кабриолетот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...