Претставена подновената верзија на пикап 2018 Ford Ranger

Ford ја претставија подновената верзија на нивниот пикап модел Ranger пред неговото глобално деби на Detroit Motor Show, каде ќе ја дели бината со новиот Ford Edge ST.

Ревидираниот ривал на Mitsubishi L200 прво ќе се појави во продажба во Северна Америка, а подоцна годинава и во останатите земји.

Визуелно, подновениот модел има некои малечки дизајнерски подобрувања. Тука е промената на формата на предните фарови и потенка предна решетка, како и вдлабнатото име на самата каросерија на вратата од багажникот т.е пикап платформата.

Во САД новиот Ranger ќе се продава во варијанта со 2.3 литарски турбо EcoBoost бензински мотор со 10-брзински автоматски менувач, кој според Ford ќе нуди перформанси како оние на  V6 мотор, но со ефикасност на 4-цилиндричен мотор.

Ќе бидат на располагање модели со погон на 2 и 4 тркала, како и нов FX4 Off-road пакет кој ќе нуди систем за менаџирање на теренот за возење, со 4 модови – нормален, снег, кал и песок.



Во внатрешноста промените се минимални, а вграден е SYNC 3 infotainment системот на Ford со Apple CarPlay и Android Auto, како и B&O Play звучен систем и 4G WiFi конективност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...