Првиот електричен автомобил на SEAT доаѓа во 2020

Првиот комплетно електричен модел на SEAT би требало да биде голем колку хечбек верзијата на Leon, но да нуди поголем простор во кабината.

Шпанскиот бренд планира да го лансира својот прв продукт базиран на комплетно електричната MEB платформа на VW Group во 2020.

Апликациите за заштитен знак на овој засега неименуван модел сугерираат дека тој може да ги носи имињата Born, Born-E, или E-Born – сите базирани на Ел Борн, едно од најтренди областите во Барселона, која впрочем е и идеалното опкружување за електрично возило.

Др. Матијас Рабе, потпретседателот на одделот за истражување и развој на SEAT, изјавил дека нивното прво возило изградено врз MEB платформата ќе има големина слична на Leon, но помала од нивните SUV модели.

Цената би требала да му е слична со VW I.D., кој би чинел колку Golf во дизел варијанта со добри спецификации, значи околу 28 500 евра.

Тој исто така ги потврдил плановите на SEAT да го нудат овој нов хечбек во две варијанти во поглед на моќноста, но сугерирал дека дополнителни перформанси би можеле да бидат понудени преку платформата која на компанијата ќе и овозможи да воведе претплати за разни сервиси и подобрувања кои би се интегрирале „over-the-air”. Нешто слично како што тоа го прави Tesla со своите модели.

Така, на пример, доколку на 90% од автомобилите има веќе инсталирано седишта со греење, тогаш на останатите купувачи би им се понудила шанса да се претплатат да имаат такви седишта само во зима. Во секој случај, би се нуделе “over-the-air” неделни, месечни, или постојани надградби.

Рабе го опишал автомобилот како “95% завршен“ бидејќи меѓуоскиното растојание, ширината и должината на шасијата се финализирани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...