Први фотографии од BMW X4 M

BMW подготвуваат поголема купе верзија X3 која ќе има високи перформанси и ќе биде наречена X4 M.

Ова ќе биде првиот X4 кој ќе добие полн третман од M дивизијата на BMW – моторот најверојатно ќе биде 3.0 литарски 6-цилиндричен бензински со моќност помеѓу 430 и 450 коњски сили, ќе има погон на сите тркала како и подобрена конфигурација на амортизацијата.

Шпионските фотографии се снимени за време на зимското тестирање на моделот, кој ќе има и термално менаџирање.

BMW веќе подолг период немаат направено побрзи и помоќни верзии на нивните помалечки SUV модели, но мноштвото мали моќни SUV модели од компании како Audi и Mercedes-Benz ги имаат приморано BMW повеќе да не го игнорираат тој дел од пазарот.

Сè уште не се знае кога BMW X4 M би се појавил во продажба, меѓутоа се очекува јавно деби да има на есен, а првите продажби да започнат во пролетта 2019-та.  Околу 6 месеци пред него ќе се појави X3 M моделот, кој ќе ни даде увид во механичките компоненти кои ќе бидат вградени и во X4 M.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...