BMW M4 кабриолет „30 Jahre” специјално издание

BMW го претставија новото специјално издание на нивниот M4 кабриолет насловено “30 Jahre”, во превод “30 години“, модел кој ќе се произведе во лимитиран број. Истиот е замислен како прослава на 30 годишнината од првиот M3 кабриолет, кој по 5 генерации во 2014 беше преименуван во М4.



Од компанијата велат дека од ова специјално издание ќе бидат произведени само 300 примероци, кои ќе доаѓаат со M Competition пакетот како стандард. Тоа значи дека кабриолетот ќе има 6-цилиндричен 3.0 литарски турбо мотор од 450 коњски сили и 500Nm вртежен момент, M Sport издувен систем, адаптивна M суспензија (со спортски мод), и нешто што BMW го нарекува „екстремно спортска конфигурација“ на системот за контрола на стабилност.

Она што ова 30 годишно издание го двои од стандардниот M4 кабриолет е и изборот на боите – тој ќе биде на располагање само во две: “Macao Blue metallic” и “Mandarin II uni”.

Внатрешноста ќе биде од Мерино кожа со контрастни шавови на наслоните за главите и на патосниците, како и со ленти од јаглеродни влакна. Знакот на трим-лентата на страната на совозачот ќе го носи логото „30 Jahre Edition” како и број “1/300“ кој ќе го означува изданието на автомобилот (кое по ред е од сите 300 примероци).

Цената ќе му биде околу 87 000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...