Hyundai ја претстави 4-та генерација на Santa Fe SUV

Hyundai ја претставија четвртата генерација на нивниот Santa Fe SUV, чие производство треба да започне од вториот квартал годинава, а продажбата подоцна во годината.



Изгледот на новиот Santa Fe е инспириран од најновото SUV издание на Hyundai – моделот Kona, што е особено забележително по тенките дневни LED светла и големата шестоаголна предна решетка.

Од компанијата ветуваат дека новиот Santa Fe ќе има најголем простор во класата од SUV модели со 7 седишта, што ќе биде овозможено со зголемувањето на неговата големина во однос на сегашниот модел. Новиот ќе биде 4470мм долг и 1890 широк, што значи патниците во вториот ред седишта ќе имаат дополнителни 38мм простор за нозете. Подобрен е и просторот на багажникот, но сè уште не се објавени официјални бројки.

Внатре на командната табла има infotainment систем во вид на таблет (како во другите нови модели на Hyundai), нов волан и инструмент табла со дигитален дисплеј.

Од компанијата велат дека стандардната опрема ќе вклучува аудио систем со 5-инчен TFT екран и AUX и Bluetooth конективност, како и подлога за безжично полнење на смартфони. На располагање ќе биде и 7-инчен дисплеј со Apple CarPlay и Android Auto, како и 8-инчен touchscreen со сателитска навигација и задна камера кај најскапите модели.

Од сигурносните системи и оние за асистенција на возачот, новиот Santa Fe ќе го надополнува сегашното издание на SmartSense со систем предупредување за сообраќајот кој доаѓа зад возилото, како и со асистент за безбедно напуштање на возилото. Тој привремено ќе ги заклучува вратите доколку насети дека одзади или од страните се доближува друго возило и во тој случај ќе го оневозможува и отворањето на патничките врати.

Подобрен ќе биде и системот за суспензија со што ќе се овозможи „поглатко“ возење во споредба со она на сегашниот модел.

Новиот Santa Fe ќе се нуди со 2 дизел и 2 бензински мотори – двата бензински се од 2.4 литри (едниот GDI, вториот MPI), како и дизели од 2.0 и 2.2 литри.

Возможно е подоцна да се појави и хибриден модел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...