Volkswagen I.D Vizzion концепт

На Geneva Motor Show Volkswagen го претставија најновиот член на комплетно електричната I.D. фамилија, наречен I.D. Vizzion.

Долг 5163mm и висок 1056mm, тој е со слична големина на Mercedes S-Class и најновото Audi A8, а неговата цел е да прикаже каква сè технологија од Volkswagen сметаат дека I.D. брендот ќе има вградено за една декада, но и да ја прикаже продукциската верзија на I.D електричната лимузина која на пазарот треба да се појави до 2022.

Концептот ја користи електричната MEB платформа, а се напојува со два електрични мотори на секоја оска. Предниот има моќност од 75kW, додека задниот 150kW, што му дава вкупна моќ од 225kW т.е 310 коњски сили. Енергијата е складирана во рамна литиум-јонска батерија од 111kWh која е поставена на подот на возилото, забрзувањето од 0-100км/ч ќе изнесува 6.3 секунди, а максималната брзина 180км/ч. Од компанијата велат дека со единечно полнење на батеријата I.D. Vizzion ќе има домет од 665km.



Поставен на 24-инчни тркала, Volkswagen го опишуваат концептот како „авангардна лимузина од висока класа“. I.D Vizzion ќе има автономија од 5-то ниво, постигната преку комбинација на поврзани ласерски скенери, ултрасонични сензори, радарски сензори и камери. Податоците за сообраќајот ќе се добиваат со “cloud computing” односно ќе се наоѓаат во „облакот“ во кој ќе бидат поврзани и останати вакви возила, а на располагање ќе биде и комуникација помеѓу автомобилите. Инаку, се смета дека ваквата технологија ќе стане реалност до 2025-та.

Во внатрешноста нема скоро никакви уреди за контрола или менување на брзини. Постојат само две реални контроли во вид на копчиња на притискање и ротирање лоцирани напред и позади во возилото, кои може да се користат за запирање на автомобилот, внесување команди во автономниот систем за возење и контролирање на гласот на аудио системот.

Поголемиот дел на функциите ќе бидат контролирани од вештачка интелигенција (AI) преку виртуелен асистент. Патниците ќе можат на автомобилот со гласовни контроли да му „наредат“ на која дестинација сакаат да одат, или пак да му се „обратат“ на асистентот преку смартфон. Ќе биде вградена и технологија за контролирање на функциите на автомобилот со гестикулации, во комплет со технологија за подобрена реалност (augmented reality (AR)

Volkswagen го опишуваат AI асистентот како „домаќин“ кој ќе ги учи навиките на секој од патниците со секое патување кое ќе го имаат во I.D. Vizzion. На располагање ќе бидат и фитнес тракери кои патниците ќе можат да ги носат и чии информации ќе му помагаат на дигиталниот домаќин да ја модификува температурата на климата доколку забележи дека на некого во автомобилот му е премногу студено или топло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...