Концептуалните автомобили најчесто ја привлекуваат најбројната публика на саемите на автомобили бидејќи често прикажуваат „луди“ идеи и дизајни.
Тоа бил случајот и на овогодинешниот саем на автомобили во Женева, каде најголемиот број вакви возила биле електрични или автономни.
Еве дел од нив кои најмногу го привлекуваа вниманието на посетителите:
1) Porsche Mission E Cross Turismo
Оваа верзија на Mission E е повисока и покрупна во однос на saloon верзијата, а е изградена врз истата електрична архитектура со погон на сите тркала и моќност од 608 коњски сили.
2) Renault EZ-GO
Овој необичен концепт прикажува како познатиот француски бренд ја замислува мобилноста во 2030-тите. Се работи за комплетно електрично автономно возило во кое собира 6 патници.
3) Skoda Vision X
Vision X e следниот хибриден SUV кој ќе биде произведуван од овој чешки бренд, а на пазарот ќе се појави во 2019-та. Од компанијата велат дека продукцискиот модел треба да изгледа скоро идентично на прикажаниот концепт.
4) Lagonda Vision
Lagonda Vision концептот ги потврдува предвидувањата дека Aston Martin од него ќе направат нов ултра-луксузен под-бренд кој ќе биде ривал на Rolls-Royce. Концептот е автономна лимузина со погон на сите тркала и простор за 4 патници кој со едно полнење на батеријата ќе има домет од 643km, а ќе може целосно да се наполни за само 15 минути.
5) GFG Style Sibylla
GFG Style е нова компанија основана од легендарниот дизајнер Giorgetto Giugiaro, а претставениот концепт е наречен Sibylla и е модерна интерпретација на автомобилите кои тој ги дизајнирал во 1960-тите, со стаклен фотосензитивен кров кој се затемнува под дејство на сончева светлина.
6) Subaru Viziv Tourer
Овој концепт ја прикажува 4.77 метри долгата караван верзија на Viziv Performance концептот прикажан на Tokyo Motor Show минатата година.