Новиот концепт на Lamborghini истовремено ќе може да складира енергија

На EmTech конференциијата на MIT, италијанскиот производител на луксузни и спортски автомобили Lamborghini претставиле нов концепт на електричен суперавтомобил, за кој сметаат дека ќе биде иднината на спортските автомобили.

Наречен Lamborghini Terzo Millennio (италијански за „трет милениум“), тој визуелно навистина делува како да припаѓа на некоја идна ера.

Една од неговите карактеристики е капацитетот да складира енергија, бидејќи наместо регуларни батерии користи суперкондензатори кои се способни за добивање и испорачување на енергијата многу побргу отколку што тоа се способни да го прават обичните батерии. Покрај тоа, способен е за повеќе напојувачки циклуси во споредба со повеќето батерии, што му овозможува да ги напојува 4-те електрични мотори – по еден на секое тркало.

Каросеријата од јаглеродни влакна, пак, му овозможува на автомобилот да функционира како огромен медиум за складирање – скоро како батерија на тркала.

Претставениот дизајн е само концепт, бидејќи нуди одредени предизвици за кои на Lamborghini ќе им бидат потребни години за да ги надминат. Доколку некогаш стане реалност, Terzo Millenio дефинитивно ќе биде освежување на сè поконкурентниот пазар на електрични автомобили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...