Mercedes C-Class купе и кабриолет со фејслифт за 2018

Mercedes ги претстави подновените верзии на нивните C-Class купе и кабриолет модели, со слични ревизии како на подновените saloon и караван модели.

И двата модела ќе го имаат истиот ревидиран дизајн, дигитални мерачи на кокпитот и подобрување на моторите, како и дополнителен кит, нови бои на каросеријата и системи за асистенција на возачот.

На располагање ќе бидат 3 мотори – моделот C200 со 1.5 литарски 4-цилиндричен мотор со или без 4MATIC погонот на сите тркала, единствениот дизел т.е популарниот C220D, како и AMG C43 кој ќе биде помоќен за 23 коњски сили. Сè уште нема информации дали ќе постои ревидирана верзија на AMG 63, но се очекува таа да се појави на пазарот подоцна.

C200 ќе добие нов 48v хибриден систем наречен EQ Boost кој на бензинскиот мотор од 183 коњски сили ќе му асистира со дополнителни 14, додека C220d исто така ќе биде подобрен со дополнителни 23 коњски сили во споредба со сегашниот модел. Се очекува и мало подобрување на потрошувачката во споредба со сегашните купе и кабриолет модели.



Новите купе и кабриолет модели од C-Class ќе имаат LED фарови како дел од стандардната опрема, уникатна хромирана предна решетка и две нови бои - Mojave Silver и Graphie Grey,

Внатре, на располагање ќе биде опционален дигитален дисплеј на инструмент таблата, со 12.3 инчен екран кој ги заменува аналогните бројачи, додека на воланот копчињата ќе бидат чувствителни на допир овозможувајќи му на возачот да користи потези (т.е „свајпувања“) како на екранот на смартфоните за контролирање на функциите и компјутерот на автомобилот.

Подобрените системи на камерите и радарот ќе овозможуваат на автомобилите да „гледаат“ 500m напред, 40m од страните и 80m зад нив, а активната контрола на растојанието DISTRONIC ќе ја нагодува брзината на автомобилот активно реагирајќи на разните ситуации во сообраќајот.

Цените се очекува да бидат малку повисоки од сегашните, со почетна од околу 39 000 евра за купето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...