VW ја претстави третата генерација на Touareg

VW ја претставија третата генерација на Touareg кој е технолошки најнапреден во споредба било кои други модели на VW произведени досега.

Базиран на истата MLB платформа како Audi Q7 и Bentley Bentayga, новиот Touareg e 44mm поширок и 77mm подолг од сегашниот модел, што резултирало со зголемување на волуменот на багажникот за 113 литри и кој сега изнесува 810 литри со подигнати задни седишта.

Истовремено, тежината му е намалена за 106kg. поради користењето на полесен алуминиум во неговата конструкција, што ги има подобрено перформансите и потрошувачката на гориво.

Понудени ќе бидат следните мотори: 3.0 литарски V6 турбодизел од 285 коњски сили, 8-брзински автоматски менувач и 4MOTION погон на сите тркала, помалку моќен 3.0 литарски турбодизел од 230 коњски сили и 3.0 литарски турбо бензинец од 340 коњски сили.

При крајот на 2018 VW ќе го претстават најмоќниот 4.0 литарски V8 турбодизел од 422 коњски сили, а по него (сè уште не се знае кога) ќе следи и plug-in хибридна верзија.

Новите технологии кои ќе бидат вградени во него ќе биде управувањето со задните тркала за подобрување на стабилноста при големи брзини и маневрирањето при помали, воздушна суспензија која може да го подигне возилото за 70mm за подобрување на оф-роуд перформансите, поголем резервоар за гориво и заштита на автомобилот од долната страна.

Најрадикални промени Tuareg-от ќе има во внатрешноста, која VW ја имаат комплетно редизајнирана заедно со infotainment системот. Tuager ќе дебитира нов систем кој компанијата го има наречено Innovision Cockpit, кој се состои од познатиот 12-инчен дигитален дисплеј на инструменти, со огромен 15-инчен touchscreen дисплеј монтиран на командната табла. Двата екрани заедни креираат комплетна дигитална контролна површина која може да се модификува со менија и да прикажува разни работи според вкусот на возачот.

Innovison Cockpit-от ќе се користи за контролирање на сите поважни функции на автомобилот и виртуелно ќе го заменува буквално секое физичко копче кое досега се користело за нив, а ќе биде компактибилен со Android Auto и Apple CarPlay, нудејќи WiFi hotspot кој ќе овозможува истовремено конектирање на најмногу 8 уреди на него.

Визуелно, многу дизајнерски елементи од новиот Touareg се слични на оние на T-Prime концептот прикажан во 2018 – на предницата доминира хромираната решетка која се спојува со новите LED Matrix фарови, од кои секој има по 128 индивидуални LED сијалички.

Големината на бандажите ќе варира од 18 до 21 инчи, на располагање ќе бидат 13 бои за каросеријата, а почетната цена ќе му биде околу 57 150 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...