Citroen C1 суптилно подновен за 2018-та

Citroen C1 е подновен за 2018, со нови бои и опции за тримот на ентериерот, нови системи за асистенција на возачот и технологија во кабината, како и со подобрен мотор.

Визуелно овој модел го има истиот дизајн како и сегашниот, а единствената надворешна промена се новите беџeви на задниот дел кои ги користат новите букви на овој бренд.

На располагање ќе бидат 3 нови бои, покрај новите двобојни комбинации за кровот и за Airscape верзија со кров изработен од материјал.

Во целост, од Citroen велат дека ќе бидат возможни 32 различни комбинации на бои како и неколку нови избори на тримови за ентериерот.

Системите за асистенција на возачот сега вклучуваат и автоматско кочење во итни случаи, предупредување при менување на ленти, асистенција при искачување на угорници, систем со камера за рикверц како систем за препознавање на сообраќајните знаци, додека Mirror Screen апликацијата за „копирање“ на екранот на смартфоните на дисплејот во возилото е подобрена и сега нуди Apple CarPlay, Android Auto, како и MirrorLink на 7-инчниот touchscreen во автомобилот.

Најголемата промена е подобрениот 3-цилиндричен бензински мотор кој е вграден и во новата Toyota Aygo (која ја дели истата платформа со C1), со моќност од 72 коњски сили, кој ќе биде нуден со 5-брзински мануелен или автоматски менувач.

Почетната цена ќе му биде околу 14 000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...