Новиот Lexus ES saloon модел ќе го има официјалното деби на Beijing Motor Show, а ќе биде достоен ривал на BMW 5 Series и Audi A6.
Сега засега е објавена само оваа слика на која се забележува дека ES има прифатено голем дел од дизајнот од поголемиот LS saloon – со големата решетка која доминира на предницата и потенки LED предни фарови и хромирани детали.
Од Lexus велат дека новиот ES ќе „го трансформира концептот за комфор на луксузните потрошувачи ширум светот“.
Не се објавени повеќе технички информации освен тоа дека се очекува новиот ES да биде изграден врз TNGA платформата (Toyota New Global Architecture) врз која се направени сегашниот Prius и C-HR кросовер. Изборот на моторите ќе биде доминиран со хибридни бензински, имајќи го в предвид фокусот на брендот на новите технологии.
Моделот ES е во понудата на Lexus уште од 1989 год. и е еден од најдобро продаваните модели на овој јапонски бренд, веднаш зад моделите RX и NX SUV.