Фејслифт на Kia Sportage за 2018

Kia го претставија подновениот Sportage модел за 2018 со малку ревидиран дизајн и нови мотори, вклучувајќи и нова опција за хибридна асистенција од 48-волти.

Дизајнерските измени се ограничени на новите предни и задни браници, предни фарови како и задни со LED лента која се протега од едниот до другиот фар, како и нови дизајни на алуминиумските бандажи со големина од 16, 17 и 19 инчи.



Изборот на бои за каросеријата е зголемен за 5, со тоа што GT-Line моделот ќе има и сјајно црна решетка, поагресивен стајлинг со хромирани детали, и две издувни цевки.

Во кабината ќе има нов волан, како и кожен тапацир во два тона, а во поглед на технологијата ќе биде подновен системот за адаптивна контрола на крстарењето со функција за запирање и тргнување. Ќе биде додадена и камера од 360 степени, како и нови дисплеи на Infotainment системот, со 8-инчен екран без рамка кој ќе може да се бира покрај 7-инчниот.



Најголемата промена кај новиот Sportage е хибридниот систем од 48 волти, покрај ревидираните мотори.

Новиот EcoDynamics+ 2.0 литарскиот дизел ќе биде асистиран со хибридниот систем со што ќе му биде зголемено забрзувањето, и ќе ја замени сегашната 2.0 литарска CRDi опција.

1.7 литарскиот CRDi мотор ќе биде заменет со нов 1.6 литарски со моќност од 115 или 136 коњски сили, погон на сите тркала и 7-брзински автоматски менувач.

1.6 литарската GDi бензинска варијанта ќе продолжи да се продава, но ќе биде во согласност со Euro 6D стандардите за емисии на штетни гасови.

Точните цени не се познати, но се очекува почетната да биде околу 22 900 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...