Новиот BMW X5 доаѓа на пазарот подоцна годинава

BMW најавија дека новата 4-та генерација на моделот X5 ќе биде претставена подоцна годинава, најверојатно дебитирајќи на Paris Motor Show во септември.

Ова ќе биде 4-тиот по ред BMW X модел кој ќе пристигне на пазарот годинава, по X2, X3 и X4.



Новиот SUV ќе биде првиот во кој ќе биде вградена последната верзија на iDrive infotainment технологијата на BMW наречена BMW Operating System 7.0, пред saloon моделот од новата серија 3 и X7.

Последнава декада, како и кај останатите производители на автомобили, продажбата на SUV модели на BMW е значително порасната, а компанијата се надева дека ќе го продолжи тој успех и со најновата генерација на X5.

Сегашниот модел е претставен во 2013 и ја користи истата архитектура како и моделот од втората генерација од 2006-та, па така една од најголемите промени кај 2018 X5 ќе биде тоа што тој ќе биде направен врз модифицирана верзија на платформата врз која се направени сегашните модели од серијата 5, наречена CLAR (Cluster Architecture).

CLAR веќе се користи во новиот X3, кој поради тоа е полесен за 55kg. во однос на претходниот модел направен врз старата платформа, а се очекува уште поголемо намалување на тежината на новиот X5.



Покрај новите поефикасни 4 и 6-цилиндрични бензински и дизел мотори од серијата 5, најверојатно на располагање кај X5 ќе биде и plug-in хибридната технологија, благодарејќи токму на CLAR платформата.

Ентериерот ќе биде променет во однос на сегашниот модел и ќе биде инспириран од последниот saloon на компанијата, со редизајн и сосема нова технологија како дигитални брзиномери, последниот iDrive систем и безжична Apple CarPlay конективност. Новиот X5 ќе има и полу-автономни возачки карактеристики.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Професор прашува студент по медицина:
- Колега, како ќе познаете дали некоја жена е бремена?
- Па, ќе има голем стомак и пеги по лицето.
- Аха. А јас имам ли голем...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги...
Верски календар
На денешен ден
1835.- Во Париз умре Винченцо Белини,...
1905.- Шведска ја призна независноста на...
1908.- Во Солун, во кафеаната "Бошњак-ан",...
1941.- Во Лондон, на конференцијата на...