Флота на автономни автомобили Audi Alcon во 2021

Audi ќе ја лансираат нивната прва пилот флота на автономни автомобили во 2021, со возила базирани на Alcon концептот претставен на минатогодишниот Frankfurt Motor Show. Oваа информација била потврдена од директорот Руперт Штедлер на лансирањето на новиот Audi Q8 SUV.



Овој проект ќе ја одбележи 50-годишнината од познатата мантра на Audi “Vorsprung durch Technik”, што во превод значи „Вистина во инженерството“. Многу малку детали се објавени, а тука спаѓа информацијата дека флотата треба да има најнапредни автономни карактеристики со Level 5 – што на патниците и возачите ќе им овозможува ефективни да се „исклучат“ зад воланот, па дури и да отспијат додека автомобилот сам вози.

Инаку, Audi Alcon е комплетно електричен автомобил со 4 врати дизајниран да ги претставува стајлингот и ентериерите на иднината, каде нема да има потреба од волан и педали. Сега засега не е потврдено дали автомобилите кои ќе се користат во 2021 ќе го имаат истиот минималистички ентериер како концептот од 2017.



Alcon е долг 5444mm, за 20cm подолг од A8 L лимузината, со меѓуоскино растојание од 3470mm, а со едно полнење на батериите може да патува околу 805km.

Детали за моторот не се објавени, но концептот од минатата година користел 4 електрични мотори (по еден на секое тркало), со вкупна моќност од 350 коњски сили и 550Nm вртежен момент. Концептот има неверојатно мал круг при вртење од само 8.5m – помал од повеќето малечки градски автомобили, како и 26 инчни тркала. Нема конвенционални фарови, туку мноштво сензори и автономна технологија која ја елиминира потребата од нив.

Наместо тоа, возилото има „очи“ кои можат да реагираат и да имаат интеракција со пешаците и останатите возила на патиштата. За осветлување на патот се користат проектори кои можат и да проектираат сигнали за оние кои не се во линијата на видикот на автомобилот, а доколку излезете од автомобилот, а надвор е темно, тој активира мини-дрон за да ви го осветли патот.



Бидејќи нема волан и педали, командната табла ги покрива сите страни од кабината. Нејзиниот панел се осветлува кога патниците ќе влезат во возилото, при што персоналниот асистент ги препознава според телефоните и ги вчитува персоналните нагодувања. Панелите чувствителни на допир вклучуваат контроли за климата и конфигурацијата на седиштата – но автомобилот реагира и на гласовни команди и на движење на погледот.

Многу од овие карактеристики се очекува да бидат вградени и во идните „обични“ автомобили на Audi.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Што е тоа автокефална жена?
- Тоа е жена која си ги прави кејфовите во кола.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на дијабетесот
565.- Умре византискиот цар Јустинијан I ...
1263.- Умре Александар Невски, новгородски кнез,...
1533.- Шпанските освојувачи под командата на...