2018 Mercedes GLE на неофицијални фотографии скоро немаскиран

2018 Mercedes GLE бил повторно забележан на неофицијални фотографии за време на тестирање, овој пат со многу малку камуфлажа.

Ривалот на BMW X5 се очекува да дебитира на пазарот пред крајот на оваа година, најверојатно на LA Motor Show.



Лесната камуфлажа овој пат дава најдобра претстава во врска со стилот на овој нов модел – предницата ќе биде инспирирана од стилот на последната CLS и А-Class, со предна решетка со променета форма и поостра форма на фаровите.

Задниот дел скоро целосно е немаскиран и се забележува дека е помалку „коцкест“ од оној на сегашниот GLE. Задните фарови се многу потенки и позакосени од сегашните, а се очекува да бидат целосно LED.

Инсајдерите од Mercedes велат дека е потврдено дека новиот GLE ќе ја има последната верзија на MBUX infotainment системот на Mercedes кој за прв пат е претставен во последната A-Class, кој комбинира екран чувствителен на допир со гласовни команди.



Новиот GLE ќе биде понуден со неколку мотори – новиот 2.0 литарски дизел од E-Class, како и straight-six бензински и дизел мотори од новите S-Class модели.

Новата платформа ќе ја поддржува и plug-in хибридната технологија, па се очекува да се појави и електричен модел со 4-цилиндричен бензински мотор и малечка литиум-јонска батерија.

Идниот AMG GLE 63, пак, ќе го замени сегашниот 5.5 литарски мотор со новиот 4.0 литарски biturbo V8 со моќност од околу 507 коњски сили, додека помоќниот GLE 63 S ќе има скоро 610 коњски сили.

Покрај новиот изглед, платформа и мотори, ќе бидат понудени и нови технологии за асистенција на возачот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...