2018 Jeep Renegade со фејслифт

Подновениот Jeep Renegade ќе се појави во продажба подоцна годинава со сменет изглед и 3 нови бензински мотори.

Претставен во 2014-та како најмалечкиот и најурбаниот модел на Jeep, овој негов фејслифт ќе треба да „трае“ до 2022-ра кога ќе се појави втората генерација, како и уште еден помал модел кој ќе биде ривал на Nissan Juke.



Коцкастиот стил инспириран од моделот Wrangler ќе биде рафиниран со серија малечки дизајнерски ревизии – напред, забележливи се новите фарови со дневни LED светла, како и редизајнираниот браник со поагресивен изглед и репозиционирани светла за магла. На задниот дел, пак, задните фарови ја имаат формата на буквата X, со LED кластери на верзиите Limited и Trailhawk. Ќе бидат понудени и 7 различни опции за тркалата, со бандажи со големина од 16 до 19 инчни.

Во внатрешноста, единствената дизајнерска промена е дека централната конзола има вграден држач за смартфони, нов оддел за складирање и држачи за чашки.

Infotainment системот останува ист, со 5 и 8.4 инчни опции за touchscreen дисплејот, од кој поголемиот доаѓа со Apple CarPlay и Android Auto интеграција.



Најголемата новост во врска со овој модел се трите нови бензински мотори: 1.0 литарски 3-цилиндричен турбо од 120 коњски сили, 90Nm вртежен момент, 6-брзински мануелен менувач и погон на предните тркала , и 1.3 литарските 4-цилиндрични од 150 и 180 коњски сили, 270Nm вртежен момент и автоматски менувач со погон на сите тркала кај помоќната верзија

1.6 и 2.0 литарските дизел мотори со погон на сите тркала остануваат, но се подновени со селективната каталитичка редукција за да се постигне стандардот Euro 6/D за регулирање на емисиите на штетните гасови.

Како и досега, Renegade верзиите со погон на сите тркала ќе имаат модови за off-road возење како што се Snow (снег), Sand (песок) и Mud (кал). Продажбата ќе започне во септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...