Bentley Bentayga Pikes Peak Limited Edition е модел ограничен на само 10 возила кои доаѓаат со козметички пакет кој го имитира изгледот на она кое го срушило рекордот на планинската рута Pikes Peak во Колорадо, САД.
Најзабележителна е „дреч“ зелената боја со т.н “Radium” финиш (која ја има и на бандажите), а на располагање ќе биде и модел во црна боја. Предниот сплитер е од јаглеродни влакна, како и задниот дифузер.
Во внатрешноста, црната колор шема е дополнета со светло зелени акценти на вратата и рабовите на другите делови од кабината како и на шавовите на седиштата, додека воланот и делови од вратите се од материјалот алкантара.
Pikes Peak има 6.0 литарски W12 бензински twin-turbo мотор од 608 коњски сили и 900Nm вртежен момент, 8-брзински автоматски менувач и погон на сите тркала.
Возилото со овие перформанси возено од претходниот победник на Pikes Peak, Рајс Милен, ја поминало рутата долга 20km за 10 минути 49.9 секунди, рушејќи го претходниот рекорд на Range Rover Sport за SUV возила од 12 минути 35.61 секунди, од 2013-та год.