AI за учење на автономни автомобили како и каде да возат

Стартап компанијата Wayve која се занимава со вештачка интелигенција (AI) смета дека пронашла подобар начин да ги „тренира„ автономните возила во споредба со сегашните методи кои користат софистициран хардвер и детални 3D мапи.



Тие објавиле видео во кое модифициран Reanult Twizy (електричен двосед) учи како автономно да се движи по патишта. Тоа го прави преку вид на машинско учење во кое системот добива „награда“ за правилно однесување, и „казна“ т.е „пенали“ за неправилно.

Повеќето системи за движењето на автономните автомобили се базираат на детални 3D мапи кои им помагаат во навигацијата и кои компаниите ширум светот ги креираат со софистицирани сензори и камери со кои се мапираат сите детали од улиците и автопатите. Возилата, пак, си имаат сопствени комплексни системи од камери и сензори за да се движат по овие мапи.

За жал, 3D мапите побаруваат постојани надградби бидејќи на улиците и патиштата постојано се вршат некакви доградби и измени, а компаниите кои ги креираат се фокусираат претежно на патиштата со многу сообраќај, запоставувајќи ги руралните области.



Техниката на Wayve користи една камера монтирана на предницата (колку за споредба, автопилотот на Tesla користи 8), која во реално време испраќа информации во графичката процесорска единица (GPU) на автомобилот. Таа го користи алгоритмот за машинско учење кој го контролира забрзувањето, кочењето, и управувањето на автомобилот. Зад воланот седел шофер кој за време на овој процес го запирал возилото секој пат кога тоа излегувало од патот, што го „казнувало“ системот. Колку подолго автомобилот возел без човечка интервенција, толку повеќе „награди“ добивал.

За околу 20 минути, автомобилот научил како самиот правилно да се движи по патот, следејќи ги сите кривини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што да правиш ако плавуша фрли осигурач накај тебе?
- Бегај подалеку, има граната во устата.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на правата на човекот
1520.- Германскиот црковен реформатор Мартин...
1603.- Умре англискиот лекар и физичар Вилијам...
1810.- Францускиот цар Наполеон Први на Франција...