Специјално издание на Fiat 500 Spiaggina

Оваа година е 60-годишнина од моделот 500 Spiaggina на Fiat – верзија со отворен кров на иконскиот градски автомобил. За да ја одбележат, компанијата откри две специјални изданија – Spiaginna на Garage Italia и 500 Spiaggina ’58.

Второто издание е заедничко дело на дизајнерското студио Pinifarina и Garage Italija, чиј сопственик е Лапо Елкан, внук на поранешниот извршен директор на Fiat, Џани Ањели.



Како и оригиналниот модел од пред 6 декади, Garage Italia изданието нема кров, а исфрлени се и задните седишта на чие место има туш за да капење по ден поминат на плажа

Екстериерот е со мешавина од бисерно бела и небесно сина боја, со хромиран трим на ретровизорите и тркалата. Внатре, Garage Italia наместо две посебни седишта има единечна клупа тапацирана со водоотпорна кожа, исто како и командната табла и вратите.

Промените кај Spiaggina ’58 изданието се помали. Тој е базиран на регуларниот 500 кабриолет, со уникатна светло сина боја и беж мек кров, бела лента од страните, и 16-инчни алуминиумски бандажи во ретро стил.



Стандардната опрема кај ова издание вклучува клима, задни сензори за паркирање, контрола на крстарењето, и 7-инчен touchscreen со TomTom сателитска навигација, Apple CarPlay и Android Auto

Механички, Spiaggina ’58 е непроменета од останатите модели, и има 1.2 литарски бензински мотор од 70 коњски сили.

Во чест на годината кога дебитирал оригиналниот модел, продукцијата на овие изданија е лимитирана на 1958 автомобили кои на пазарот ќе се појават во септември, а цените уште не се објавени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...