Летно возење во малку поинакви услови

Познато по високите температури, убавото време, годишните одмори и омилените патувања, летото е период од годината кој сите со нетрпение го очекуваме. Оваа година имаме малку поинакво, нетипично лето, со променливо време, многу врнежи и променливи температури. Во вакви временски услови, возењето е отежнато, специфично и иако се работи за лето, условите се посебни и бараат посебен начин на возење.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува добро да се подготвите пред да тргнете на пат. Одморете се добро, проверете ја техничката исправност на возилото, проверете ги гумите, проверете го притисокот на воздухот во нив, проверете ги бришачите затоа што во услови на дожд и лошо време ќе ви бидат повеќе од потребни. Проверете ги светлата, маслото во моторот и најважно од сѐ, проверете ја временската прогноза за денот кога планирате да патувате.

Доколку во текот на патувањето времето е облачно и тмурно со некој зрак сонце, препорачливо е да носите со вас очила за сонце за да не го напрегате видот, односно за да не се заморите прерано.

Доколку, пак, за време на патувањето ве фати невреме проследено со обилни врнежи од дожд, грмотевици и ветер, тогаш задолжително следете ги следниве совети:

1. Забавете. Намалете ја брзината на движење за 10 или 20 км/ч. При поголеми брзини, автомобилот го губи контактот со подлогата, се подига од патот и се однесува како да скија на водата. Ако се случи тоа, не паничете! Единствено што треба да направите е да забавите до онаа брзина кога автомобилот ќе го чувствувате нормално.

2. Избегнувајте возење низ поплавени делови (улици, области). Проблемот ќе настане кога нема да можете да ја процените добро длабочината на водата и таа ќе навлезе длабоко во вентилот за довод на воздух, а потоа и во моторот и автомобилот ќе изгасне.

3. Ослободете ги сопирачките откако ќе поминете низ вода (вир, бара). Тргнете го стапалото од педалата за гас. Ова создава топлина и триење што помага да се исушат сопирачките.

4. Запрете. Кога дождот е многу силен и видливоста преку ветробранското стакло е намалена до 50 метри – запрете! Тргнете се на страна и почекајте да се намали интензитетот на врнење.

5. Многупати и покрај тоа што сте ги примениле сите совети за возење во услови на дожд, сепак може да настане проблем со возилото и да останете дефект на патот. Во тој случај, РСБСП ви советува:

  • Осигурајте се дека автомобилот е надвор од сообраќај на патот. Тргнете го на страна и вклучете ги трепкачите. Обезбедете ја околината со триаголник или со конуси. Внимавајте тие да бидат поставени на соодветно и пропишано растојание.
  •  Не излегувајте од возилото. Побарајте помош и почекајте во возилото. Доколку сакате сами да се соочите со проблемот на возилото, почекајте да престане врнењето, облечете рефлектирачки елек и бидете внимателни.

Условите за возење, особено во лето, се менуваат многу брзо. После дождот се појавува сонцето, водата испарува и се јавува нов проблем за возачите - магла. Иако оваа магла не е толку густа и опасна како маглата во зима, сепак бидете претпазливи, вклучете ги магленките на време и намалете ја брзината пред да навлезете во маглата. Ова ќе ги предупреди и другите возачи да ја намалат брзината. Особено бидете внимателни кога возите по угорнина, рид или планинско место. Намалете ја брзината пред да почнете да го качувате ридот. Можноста да има запрен автомобил, одрон на карпа или колона возила е голема, а поради маглата нема да имате можност да ги видите на време.

Внимателното возење е клучно за безбедноста на секој учесник во сообраќајот, а одговорноста при возењето е одлика на карактерот на секој возач и придонесува за безбедно одвивање на сообраќајот.

Од РСБСП повторно со апел: „Почитувајте го сообраќајот, почитувајте ги правилата и прописите, не ги занемарувајте временските услови, предупредувањата од метеоролозите и моменталните услови на патот. Возете внимателно, бидете одговорен возач.“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...